Македонското вино се продава во Словенија и нема никаков проблем ако пишува дека е произведено во Република Македонија. Проблемот е во тоа што Грција пред ЕУ институциите сака да го заштити географскиот термин Македонија". Словенија нема проблем со пласман на македонското вино и во ниту еден момент не било спорно името Република Македонија, односно земјата каде што е произведено. Словенија во билатералните и сите односи ја поддржува Република Македонија под уставното име. Името не е спорно, ниту на виното. Спорен е географскиот термин. Се настана поради тоа што Грција веќе направи чекори за да го заштити пред ЕУ. Но, одлуката на земјоделската инспекција се уште не е правосилна и остава простор да се реши овој проблем. Не можам да кажам каква ќе биде конечната одлука зашто тоа е правен проблем.
Македонското вино се продава во Словенија и нема никаков проблем ако пишува дека е произведено во Република Македонија.
Проблемот е во тоа што Грција пред ЕУ институциите сака да го заштити географскиот термин Македонија". Ова го истакна словенечкиот министер за земјоделство, шумарство и храна, Дејан Жидан, на вчерашното отворање на јубилејниот 60-ти Меѓународен саем за широка потрошувачка Агрофуд 2010". Според него Словенија нема проблем со пласман на македонското вино и во ниту еден момент не било спорно името Република Македонија, односно земјата каде што е произведено.
- Словенија во билатералните и сите односи ја поддржува Република Македонија под уставното име. Името не е спорно, ниту на виното. Спорен е географскиот термин. Се настана поради тоа што Грција веќе направи чекори за да го заштити пред ЕУ. Но, одлуката на земјоделската инспекција се уште не е правосилна и остава простор да се реши овој проблем. Не можам да кажам каква ќе биде конечната одлука зашто тоа е правен проблем. Ќе треба да почекаме да видиме како понатаму ќе се одвива овој процес. Сепак, мора да знаете дека за нас името Република Македонија не е спорно - нагласи Жидан.
И македонскиот министер за земјоделство, Љупчо Димовски, рече дека македонското вино не е повлечено од продажба од словенечкиот пазар.
- Не станува збор за потеклото на виното, туку за името. Импортерот треба да ја обжали одлуката на надлежната институција, во случајот Винарската инспекција, до второстепната комисија при Министерството за земјоделство на Словенија. Оваа одлука се уште нема правно дејство. Се надеваме дека второстепната комисија ќе најде на разбирање дека правилно ќе го толкува европското законодавство, во прилог на македонското вино - објасни Димовски.
Винарите, пак, се жалат дека се повеќе го чувствуваат притисокот од Грција. Како што изјави Зоран Даневски од Џумајлија", визбите веќе ги менуваат етикетите на флашираното вино под ФИРОМ".
Агрофуд 2010" во следните четири дена ќе им овозможи на посетителите да видат и дегустираат широка палета производи од областа на земјоделството и прехранбената индустрија. Преку 100 изложувачи од Македонија, Бугарија, Србија, Грција, Словенија, БиХ, Албанија, Германија, Израел, Италија, Турција, Кина, Белорусија, Полска, Шведска, Австрија, како и компании од САД и Индија, ги претставуваат своите производи во три саемски хали, на вкупно 7.000 квадратни метри.